Златко Јовановски ја дотера Драгана Мирковиќ за концерт: Беше воодушевена од моите креации, вели дизајнерот

Златко Јовановски ја дотера Драгана Мирковиќ за концерт: Беше воодушевена од моите креации, вели дизајнерот

пред 2 години

Откако дизајнираше за Цеца и Јелена Карлеуша, македонскиот дизајнер Златко Јовановски се пофали дека за концерт ја дотерал и српската пејачка Драгана Мирковиќ. Таа носеше негов фустан минатиот викенд, а Златко на својот инста-профил сподели неколку видеа и откри дека е пресреќен што соработувал со Драгана, која важи за една од најпопуларните пејачки во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Наш заеднички пријател ѝ го покажал мојот бизнис-профил на Инстаграм и таа се воодушевила од креациите. Стапивме во контакт и Драгана избра црн фустан од новата колекција. Ни ги испрати своите мерки, па откако го преправивме ѝ го испративме. Мило ми е што ѝ се допадна мојата работа и што носеше моја креација“, рече Златко за „Репортер“.

Дизајнерот кој во јавноста е познат како ЈЗЈ, последните години соработуваше со неколку балкански ѕвезди, па негови дизајни носеа и Цеца и Јелена Карлеуша. Во интервју за „Репортер“ тој ни откри дека двете ѕвезди се многу скромни, знаат што сакаат и дека на прва ги договориле дизајните.

„Цеца ги избра панталоните со корсет пред една години и бидејќи не ги облече веднаш мислев дека нема да ги носи. А кога се договаравме со Јелена, таа ми рече дека остава на мене, но креацијата да е што погола. Потоа со таа креација се сликаше за насловната на магазинот ‘Хелоу”, ни откри тогаш Златко.

(А.Ј)

Share
Scroll to Top