Знаев дека ме снима, но мислев дека никој нема да го види видеото: Парис Хилтон првпат зборуваше за својата порно снимка

Знаев дека ме снима, но мислев дека никој нема да го види видеото: Парис Хилтон првпат зборуваше за својата порно снимка

пред 3 години

Наследничката на хотелите „Хилтон“ и ријалити ѕвезда, Парис Хилтон, во интервју за „Скај њуз“ првпат зборуваше за приватната порно-снимка од 1990те години, која во јавноста на објави нејзиниот тогашен дечко Рик Соломон. Парис во интервјуто раскажа за бројни ситуации од нејзиниот бурен живот, па се потсети и на моментот кога го доживеала најголемиот јавен срам.

„Знаев дека Рик ме снима, ама мислев дека никој друг нема да го види видеото. Ќе беше сосема друга приказна ако денес ми се случеше такво нешто. Тогаш бев главниот негативец во светот. Луѓето мислеа дека го сторив тоа за да станам славна, а тоа многу ме повреди. Јас не ја објавив снимката. Не знаев ни дека ќе се појави во јавноста“, рече таа во интервјуто.

Парис пред неколку месеци со омажи со бизнисменот Картер Реум. Претходно четири пати беше верена, но секој пат ја раскинуваше веридбата.

Share
Scroll to Top