Зошто бракот пропаѓа? Метју Меконахи вели дека сите ја прават истата грешка

Зошто бракот пропаѓа? Метју Меконахи вели дека сите ја прават истата грешка

пред 21 час

Холивудскиот актер Метју Меконахи откри што, според него, е една од најголемите грешки во љубовните врски. Во гостување во подкастот на Џеј Шети, тој истакна дека најопасно е партнерите да почнат да се земаат „здраво за готово“.

„Проблемот настанува кога ќе престанете да вложувате труд и ќе мислите дека љубовта се одвива сама од себе“, рече актерот, додавајќи дека и бракот бара свесна одлука, внимание и мали секојдневни гестови – како подготвување кафе за партнерот.

Меконахи предупреди и на нереалните романтични очекувања, велејќи дека партнерите не треба да се ставаат на пиедестал. „Никој не може постојано да биде совршен. Тоа е нефер и неодржливо“, истакна тој.

Според него, љубовта не треба да биде „сијалица од 100 вати“, туку „од 30 вати“ – помалку блескава, но подолготрајна, постабилна и пореална.

Меконахи е во брак со Камила Алвес од 2012 година, а често нагласува дека почитта, комуникацијата и малите секојдневни гестови се клучот за нивната долготрајна врска.

Фото: depositphotos

Share
Scroll to Top