И слушањето музика и сексот предизвикуваат чувство на задоволство, поради што повеќето луѓе ги комбинираат овие две активности. Тоа толку стана вообичаено од кога постојат уреди да пуштање музика, што луѓето почнаа да создаваат специјални компилации на песни за интимните моменти со своите партнери.
Овој пат ќе ја прескокнеме приказната за најдобрите изведувачи, песни и жанрови за слушање музика во текот на водењето љубов, туку пред сè да објасниме кои се придобивките од слушањето музика за време на сексот и како тоа го зголемува уживањето во текот на овие активности.
Слушањето музика ни овозможува да се ослободиме
Луѓето на музиката не реагираат свесно, туку спонтано. Тие климаат со главата со нејзиниот ритам или свиркаат или пеат заразна мелодија, а неретко и танцуваат, без разлика дали се во друштво или пак сами на страна. Музиката ни дава чувство на слобода, која е подеднакво битна и во текот на водењето љубов, кога секому му е сувишно претераното мислење.
Слушањето музика намалува стрес
Стресот е нашиот голем пријател во кревет. Тој може да нè спречи доволно да се возбудиме, и да ни овозможи воопшто да имаме сексуален однос. Музиката, од друга страна може ни помогне да се опуштиме во вакви ситуации и да заборавиме на проблемите кои ги окупираат мислите и да ни ги саботираат интимните моменти со партнерот.
Слушање музика уште повеќе ги спојува партнерите
Како што се вртат песните кои ги сакаат и едниот и другиот партнер, нив ги преплавуваат чувствата на задоволство во исто време и измеѓу нив се создава многу подлабока врска, отколку кога водат љубов во тишина. Секој следен пат кога ќе ја слушаат истата музика, тие ќе се сеќаваат на моментите со саканата личност и повторно ќе почувствуваат голема поврзаност со нив.
Ритамот на музиката може да влијае врз ритамот на вашите движења во кревет
За потполна сатисфакција кај обата партнери за време на сексуалниот чин, потребно е тие да се движат во ист ритам, што не е тешка задача ако во позадина се слуша адекватна музика со сензуални тонови и пулсирачки ритам.