Едно време најбогатиот чоек во Кина, Џек Ма (58) милијардерот и основач на „Алибаба“, се повлече од јавниот живот и мистериозно исчезна на одреден период. Последен пат е виден во школо во Хангџоу.
Тоа беше едно од неговите ретки појавување во последните три години. Бизнисменот се повлече од јавноста откако во 2020 година го критикуваше државното регулирање на технолошките фирми. Но, тој не е единствениот кој исчезна на одреден период.
„Саут Чајна морнинг пост“, пренесе дека повеќе од година дена Ма го минал во странство, но неодамна се вратил во Кина, каде кратко престојувал во Хонгконг да се види со пријателите. Наводно посетил повеќе земји за да учи за земјоделската технологија. Но, не се знае зашто исчезна од јавниот живот.
Аналитичарите објаснуваат дека паднал во немилост на тамошната Комунистичка партија, затоа што бил премногу зборлест и моќен. Ма во октомври 2020 година, на една конференција рече дека традиционалните банки имаат менталитет на заложништво.
Наредниот месец кинеските власти го стопираа излегувањето на неговите компании на глобалниот финансиски пазар. Овој потег беше прв во низата на подоцнежни повлекувања од берзата на кинеските технолошки компании, а „Ант“, стана првата жртва на новата стратегија во борбата на Пекинг да обезбеди моќ и да остане во рацете на државата, а не пребогата фирма.






