Зошто фотографијата на Кејт предизвика хистерија низ светот: пет грешки кои докажуваат дека палатата ја уредила сликата

Зошто фотографијата на Кејт предизвика хистерија низ светот: пет грешки кои докажуваат дека палатата ја уредила сликата

пред 10 месеци

Теориите на заговор околу принцезата Кејт Мидлтон предизвикаа хаос откако новата фотографија објавена од палатата Кенсингтон беше отстранета од четири фотоагенции поради стравување дека е монтирана.

Принцезата од Велс не е видена во јавноста од Божиќ, што предизвика драма на социјалните мрежи дека таа „исчезнала“. Шлагот на тортата беше објавувањето на новата слика за Денот на мајката во Велика Британија на која Кејт изгледа поинаку од вообичаеното. Меѓу агенциите кои ја отстранија контроверзната фотографија на Кејт Мидлтон се Асошиетед прес и Ројтерс.

„Следнава фотографија е отстранета и нема да се користи повторно. Поблиската анализа покажа дека сликата изгледа како да е уредена“, ја објасни АП причината за отстранување на сликата.

Во соопштението за печатот од Кенсингтонската палата во кое беше објавена сликата во неделата се вели: „Нова слика на принцезата од Велс, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис денеска е поставена на нашите профили на социјалните мрежи за да го одбележиме Денот на мајката. Фотографијата е направена од принцот од Велс претходно оваа недела“.

Деталите на сликата кои покренаа сомнежи, меѓу другото, вклучуваат и детал на ракавот на принцезата Шарлот, кој покажува дека нејзината рака е поместена. Многумина укажаа и на фактот дека изгледа дека Кејт не го носи својот венчален прстен и дека сите деца го имаат средниот прст преку показалецот. Беше забележано и дека здолништето на принцезата Шарлот е заматено, како и чудната положба на патентот на принцезата Кејт.

Исто така, „Њузвик“ објави дека едноставно било тешко да се фотографира моментот во кој и Кејт и сите три деца се смеат истовремено.

Теориите дека сликата е монтирана започнаа на платформата „Икс“, која започна со теории на заговор за исчезнувањето на принцезата. Принцезата планирала операција на абдоменот на 16 јануари, а палатата објавила дека таа нема да се појави во јавноста дури до после Велигден.

Новинарката Конча Калеха за шпанската телевизиска емисија „Фиеста“ изјави дека Кејт е во медицински индуцирана кома. Ова е тврдење кое палатата го отфрли како „смешно“ за „Њусвик“.

Но, теориите за исчезнувањето на Кејт Мидлтон и дека палатата Кенсингтон не ја објави веста за закрепнувањето на принцезата се појавија на Твитер, каде шегите и мемињата на оваа тема собраа милиони прегледи.

Необјаснивата одлука на принцот Вилијам да се повлече од неодамнешната церемонија посветена на неговиот кум, предизвика шпекулации, а во овој контекст е разгледана и новата слика на Кејт Мидлтон и нејзините деца. Кенсингтонската палата се уште не ја коментирала контроверзната фотографија.

Share
Scroll to Top