Иван Раиќ го исфрлија од „Ѕвездите на Гранд“ оти не сакал да потпише договор

Иван Раиќ го исфрлија од „Ѕвездите на Гранд“ оти не сакал да потпише договор

пред 3 години

Иван Раиќ, учесник во „Ѕвездите на Гранд“, е дисквалификуван од музичкиот натпревар затоа што не сакал да потпише договор за соработка во времетраење од девет години со продукцијата „Гранд“, пишуваат српските медуми.

Раиќ по тој повод се огласи на својот „Инстаграм“, каде што подетаљно објасни во каква ситуација се нашол.

„Драги пријатели, сакам да ве известам дека мојот настап синоќа воедно беше и мојот последен настап во ‘Ѕвездите на Гранд’. Ви благодарам на сите за поддршката што ми ја дадовте од првото мое појавување на оваа сцена. Сакам да ѝ се заблагодарам и на продукцијата ‘Гранд’ за дадената можност што ја искористив, според мое мислење, на најдобар можен начин. За жал, во овој момент на мојата кариера не сум подготвен да направам голем чекор, како што е потпишување договор на 9 години, и со ова одбивање добив известување дека сум дисквалификуван и дека мојот пат завршува тука. Почувствував дека со потпишувањето на договорот го губам она што ви го претставува Иван Раиќ. Во иднина ќе се посветам на други проекти, а можеби повторно ќе се видиме на најголемата сцена на Балканот, никогаш не се знае што носи животот. Можеби некои ќе мислат дека ова е грешка, но не можам ништо против себе. Им ја посакувам целата среќа на колегите што одат понатаму и со внимание ќе ги следам сѐ до финалето“, напиша Иван во своето соопштение преку социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top