Иван Тричковски избран за најдобар стрелец на Кипар

Иван Тричковски избран за најдобар стрелец на Кипар

пред 5 години

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски, на манифестацијата „Фестивал на најдобрите“, ја доби златната копачка за најдобар стрелец во Кипар. Манифестацијата се одржа по 48. пат, во организација на Кипарската спортска асоцијација. Тричковски, кој игра за АЕК Ларнака, се најде и во тимот на најдобрите 11 фудбалери за минатата сезона на Кипар.

Share
Scroll to Top