Македонската пејачка Ивона Јо ќе биде специјална гостинка на концертот на Аца Пејовиќ во Скопје. Концертот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 24 декември и е пред распродавање, вели организаторот „Балкан медија“.
Публиката и овој пат ќе ги слушни некои од најголемите хитови на популарниот пејач, меѓу кои и „Да си ту“, „Све ти дугујем“ и „Поноќ“, од филмот „Тома“, која е една од најслушаните песни последниве години.
„Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат концертите на Ацо Пејовиќ, па ништо поразлично нема да биде и овој пат“, велат организаторите.