Игор Ангеловски разочаран од ремито со Естонија

Игор Ангеловски разочаран од ремито со Естонија

пред 4 години

Македонската фудбалска репрезентација вчера на гостувањето во Талин, освои само еден бод на против селекцијата на Естонија во третата рунда од Ц лигата во УЕФА лигата на Нации.

„Црвено жолтите“ иако поведоа со 1-0 во финишот од натпреварот со два погодоци се спасуваа од пораз. Натпреварот заврши 3:3 иако се до 80 минута, Македонија губеше со 3:1.

Натпреварот можеше да заврши со целосен пресврт, ако не ја искористивме шансата преку пенал преку Александар Трајковски. Селекторот Анѓелов не го криеше разочарувањето по завршувањето на мечот.

„Со оглед разликата во квалитет разочаран сум од бодот во Талин. Морав да им дадам шанса на некои други фудбалери бидејќи оние кои го понесоа товарот со Косово мораше да ги одморам. Моја работа е да им понудам место и шанса на фудбалерите, а на нив останува дали ќе ја искористат.Што се однесува до натпреварот. Тој имаше многу добар ритам. Ние брилиравме во финишот и вистинска штета е што не постигнавме уште еден погодок“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Позитивно од целиот натпревар е тоа што се изборивме барем за бод со кој избивме на чело на табелата во Лигата на нации. Фудбалерите на 14 откомври на домашен терен ја пречекуваат Грузија. Во ноемврискиот циклус ќе се сретнеме со Естонија во Скопје и Ерменија во гости.

Share
Scroll to Top