Игор Ангеловски ќе остане да ја предводи македонската репрезентација на Европското првенство кое годинава ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули. Тој имаше договор до ноември годинава, но по денешната средба со челниците од ФФМ, тие начелно постигнале договор.
Договорот допрва ќе се официјализира откако ќе бидат утврдени сите детали.
Македонија во моментов се подготвува за претстојните два евроквалификациски предизвици со Полска (7 јуни) и со Австрија (10 јуни), двете во Скопје.
Од понеделник репрезентацијата ќе биде комплетна и ќе ја има завршната фаза од погдотовките за ЕП. Македонија на Европското првенство се наоѓа во група со Австрија, Украина и Холандија.