Игор Џамбазов и Гуру Харе главни ѕвезди на „Фестивал на пиперката“ во Кривогаштани

Игор Џамбазов и Гуру Харе главни ѕвезди на „Фестивал на пиперката“ во Кривогаштани

пред 1 година

Игор Џамбазов и Гуру Харе на 27 август ќе бидат главни ѕвезди на првиот „Фестивал на пиперката“ во Кривогаштани. Во музичката програма предвидени се да настапат Андријана Јаневска, Драган Темелковски Џони, Елена Велевска, локалните изведувачи Рубин Благадуша и Кико, Тикса Бенд. Спектакуларно дј шоу на дј Љубиша и РобиЛеј  ЛедРобот.

За најмалите предвидена е детска програма – детско катче за најмладите кои ќе се запознаат со патот на пиперката од фарма до трпеза, со едукативна програма, изненадувања и подароци.

Во рамките на „Фестивалот на пиперката“ предвидена е изложба на пиперки и производи од пиперка, прoмоција на производи од нашите произведувачи, изобилство и разновидност на производи. Промоција на локалната храна од Кривогаштани.

Share
Scroll to Top