Идрис Елба одби да го глуми Џејмс Бонд

Идрис Елба одби да го глуми Џејмс Бонд

пред 10 месеци

Британскиот актер Идрис Елба одби да го глуми тајниот агент Џејмс Бонд, затоа што му пречеле муабетите околу расата. Елба во подкастот SmartLess рече дека добивал многу понуди и комплименти, но имало и такви кои целата идеја и разговор го свртеле околу расата.

„Стана бесмислено и почувствував огромен товар“, рече Идрис и објасни дека му пречело тоа што сите го гледаат како црн актер и дека таквите етикети му ја ограничувале кариерата и на него, но и на голем број неови колеги. Ако ја прифатеше улогата, Идрис ќе беше првиот црнец кој го играл тајниот агент.

„Како луѓе, ние сме опседнати со расата и оваа опсесија навистина може да ги попречи човечките аспирации и да го спречи нивниот раст. Расизмот дефинитивно треба да биде тема на дискусија, тоа е многу реално. Но, од моја перспектива, тоа е моќно колку што дозволуваме“, рече Идрис.

Share
Scroll to Top