Избрани најзгодните ќелави мажи на светот, многумина не се задоволни со првото место на листата

Избрани најзгодните ќелави мажи на светот, многумина не се задоволни со првото место на листата

пред 6 месеци

Според новото истражување засновано на пребарувањата на Гугл, принцот Вилијам е прогласен за најзгоден ќелав маж на светот, а многумина не се задоволни што оваа „титула“ му била врачена.

Маркетинг агенцијата Reboot спроведе истражување анализирајќи колку пати се барале имиња на ќелави мажи во конкуренција со зборовите „без маичка“ или „голи“.

Тие, исто така, ja анализираа висината на познатите личности на листата, нето вредноста и колку е одличен нивниот скалп за да дојдат до вкупна оценка од 10.

На врвот на листата се најде Вилијам со 9,88, а по него се Вин Дизел и Џејсон Статам, кои се истакнаа во резултатите од пребарувањето и „факторот на сјај“ на нивните глави.

Семјуел Л. Џексон беше четврти, а бизнисменот Џеф Безос петти, со неговото огромно нето богатство од 168 милијарди долари што влијаеше на неговиот резултат.

На шестото место се најде поранешниот кошаркар Мајкл Џордан, кој официјално е најзгодна ќелава спортска ѕвезда во 2023 година.

Првите 10 на листата и нивните резултати се следните:

Принцот Вилијам – 9,88

Вин Дизел – 8,81

Џејсон Статам – 8,51

Семјуел Л. Џексон – 7,31

Џеф Безос – 7.12

Мајкл Џордан – 7,95

Двејн Џонсон – 6,90

Шемар Мур – 6,75

Шекил О’Нил – 6,50

Тери Круз – 6,32

Сепак, титулата на принцот Вилијам не беше примена со ентузијазам на социјалните мрежи, па следеа коментари како: „Тој не е ни целосно ќелав“, „Се обидувате да го понижите? Никој не може ни да го прочита тоа без да се смее. Ве молам“, „Ова е апсолутно криминално, извинете“.

Share
Scroll to Top