Македонската кантавторка Дина Јашари е на мини турнеја во регионот. Турнејата ја започна на 3 јуни како гостинка на концертот на хрватскиот бенд Елементал, а потоа имаше настапи во Унгарија и Полска.
„Со другарите извозевме скоро 3000 километри во 4 дена, настапивме на „A38 Hajó“ во Будимпешта, прекрасниот „Wianki“ во Краков и покрај Драва во Осиек“, напиша Дина и објави фотографии од овие неколку дестинации.
Следна дестинација на Дина Јашари и Другари е најголемиот регионален фестивал „Егзит“ во Нови Сад. Дина ќе настапи на 7-ми јули на Фјужн стејџ на Петроварадинската тврдина.
Нејзината турнеја по „Егизт“ ќе продолжи и следниот месец со закажани настапи повторно во Србија и Хрватска.