Изгоре кафеаната на музичарот Трајче Толевски, водител на емисијата „Мерак меана“

Изгоре кафеаната на музичарот Трајче Толевски, водител на емисијата „Мерак меана“

пред 2 години

Викендов во пожар изгоре кафеаната „Камин Кама“ на музичарот Трајче Толевски – Мајка од групата „Скопски боеми“ и водител на емисијата „Мерак меана“. И покрај брзата интервенција на пожарникарите, огнот се ширел со огромна брзина и го зафатил целиот објект. Веста дека му изгорел локалот, Трајче ја сподели на Фејсбук, со неколку слики и порака дека ќе направи сè кафеаната пак да почне да работи.

dobivaj vesti na viber

„Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што ја зафати ‘Камин Кама’, објектот нема да биде отворен за гости извесен период. За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“, напиша тој.

„Камин Кама“ се наоѓа во населбата Ѓорче Петров и е попознато свратилиште на македонската фолк-естрада. Освен што пееја, фолк-пејачите често се собираа на дружба во овој локал. Неколкумина колеги музичари преку социјалните мрежи споделија слики од пожарот и побараа од своите пријатели да донираат за сите да му помогнат на Толевски да ја реновира кафеаната.

 

Share
Scroll to Top