По четрнаесет часа непрекинато гаснење на пожарот, тројца пожарникари од Струмица земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија. Фотографијата ја направи Арбнора Мемети и истата за кратко време се рашири на интернет.
Многумина коментираат и ја споделуваат во знак на поддршка и благодараност до сите пожарникари кои ги ризикуваат своите животи за да ги изгаснат пожарите кои периодов зафати голем дел од територијата на Македонија.
Најсериозна е состојбата во регионот на Делчево и Пехчево, како и во општина Македонски Брод. Претходно голем пожар зафати и дел од градот Кочани.




