Израелските лекари неодамна го претставија лекот EXO-CD24 за кој велат дека е „медицинско лудо“, а кој на пациентите со најтешка форма на Ковид-19 им се инхалира директно во белите дробови и дава големи подобрувања за само неколку дена. Лекот се базира на протеинот CD24, на кој израелски експерти работат веќе 20 години. Ја смирува имунолошката реакција, се вдишува еднаш на ден, само неколку минути за пет дена.
Прелиминарните резултати од клиничкото испитување на лекот во рамките на Медицинскиот центар во Тел Авив „Сураски“ ги презентирал проф.др. Надир Арбер, еден од водечките израелски интернисти и гастроентеролози и водач на истражувањето и д-р Ширан Шапира, директор на лабораторијата за молекуларна биологија во Центарот за дијагноза и превенција на карцином во болницата „Ичилов“.
„Бидејќи оди директно во белите дробови, лекот нема несакани ефекти, а им го дававме на пациентите пет дена. Пет од 30 добиле највисока доза, другите помалку. Сите беа излекувани за многу краток временски период. Лекот значително го гасне хиперимуниот одговор на инфекцијата, таканаречената бура со цитокини“, рекол д-р Арбер. „Тоа е пренагласена реакција на имунитетниот систем на вирусот корона, кога во борбата против непријателот што влегол во организмот, тој ги напаѓа дури и нашите здрави клетки. Таквата реакција, која може да биде фатална, се јавува кај пет до седум проценти од случаите на Ковид, кои завршуваат на апарати за дишење“, додал тој.
Истражувањето сè уште трае, а лекот ќе им биде достапен и на најсиромашните земји.
„Во просек, луѓето кои примиле лек биле на возраст од 37 до 77 години. Една третина биле жени, а останатите биле мажи. По лекот, нивната сатурација значително се подобри, дишењето им беше олеснето. На сите им беа потребни до шест дена да се опорават, освен на една пациентка, кај која траеше малку подолго, но и таа се опорави“, рекле израелските лекари на зум-конференцијата, на која го претставиле лекот пред околу 150 новинари.
„Нема земја што не е заинтересирана за лекот, но истражувањето е во тек, рано е да се зборува за дистрибуција. Верувам дека ќе знаеме повеќе за неколку месеци“, рекол д-р Арбер.
Производството на лекот не било скапо и тој верува дека заради цената ќе им биде достапен на сите земји.