Ванда Нара преку социјалните мрежи објави дека повеќе не е со поранешниот напаѓач на Пари Сен Жермен и нејзиниот клиент Мауро Икарди.
Ванда Нара и Мауро Икарди се разделија по осум години брак, а заедно имаат две ќерки. Познатата менаџерка и соопшти на јавноста со кратка објава на социјалните мрежи.
„Многу ми е тешко и болно во овој момент, но со оглед на мојата експонираност и работите кои ги надминуваат медиумските шпекулации, подобро е тоа да го знаат од мене. Немам што повеќе да појаснам и нема да дадам никакви детали за ова разделба. Ве молам, за разбирање не само за мене, туку и за нашите деца“, напишала Ванда.
Уште во октомври минатата година изби скандал кога Ванда го обвини Икарди за изневерување, поради што привремено ја прекинаа врската, но подоцна се смирија.
Причина за кавгата меѓу славниот аргентински пар наводно е нивната сонародничка, актерката Чина Суарез. Иако во тој момент се шпекулираше дека Икарди и Нара се разведуваат, тие продолжија да живеат заедно.