Најбогатиот човек на светот Илон Маск, има нова девојка. Основачот на „Тесла“ почна да излегува со австралиската глумица Наташа Басет која е 23 години помлада од него. Тие биле видени заедно во ресторан во Сент Тропе.

Двајцата ручале во хотелот Шевал Бланк, каде собите чинат повеќе од 1300 долари за една ноќ, пренесоа медиумите. Маск и Басет пиеле вино и јаделе помфрит. Двајцата првпат биле видени заедно во февруари.

Басет пораснала во Сиднеј, а во 2019 година се преселила во Њујорк за да полага драмска школа. Таа има остварено неколку улоги во телевизиските серии како Hail Ceaser, а го толкуваше и ликот на пејачката Бритни Спирс во филмот Britney Ever After.
Со глумата се занимава од 14 година, кога ја доби главната улога во претставата „Ромео и Јулија“. Таа глуми и во новиот биографски филм за Еливс Присли. Таа во интервјуата вели дека кариерата ѝ е многу важна и дека сака да се прослави со нејзината работа, а не како девојка на Маск.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Бијонсе го претстави новиот парфем инспириран од албумот „Ренесанса“
По 50 години Здравко Чолиќ со концерт во Крива Паланка, доаѓа со голем ансамбл, бенд од 12 члена, танцова група и гудачко трио
Одевме по штипски кафулиња, пеевме до сабајле, патуваме за Австралија каде славевме родендени: Тоше низ сеќавањата на Андријана Јаневска
(Видео) Хрватската навивачка Ивана Кнол гостинка во шоуто на Пирс Морган: мојата облека нема врска со навреда на катарската култура
(Видео) Страсна обожавателка на Цеца за малку не ја удри среде настап по глава
(Фото) „Бог ни го даде моето девојче“ -Мухамед Зеќири славеше роденден на најмалата ќерка

