Илон Маск го помина Џеф Безос на листата на „Форбс“ и стана најбогатиот човек во светот

Илон Маск го помина Џеф Безос на листата на „Форбс“ и стана најбогатиот човек во светот

пред 3 години

Основачот на „Тесла“ Илон Маск го помина Џеф Безос на листата која ја направи „Форбс“ и стана најбогатиот човек во светот. Според оваа листа во 2022 година има 2668 милијардери, а најмладиот има само 19 години. Меѓу нив е и Ријана и режисерот на „Господар на прстените“ Питер Џексон.

Според „Форбс“, Маск сега има 219 милијарди долари. На второ место е основачот на „Амазон“ Џеф Безос со 171 милијарди, додека трет веќе трета година по ред е Бернард Арно со 158 милијарди  долари.

Арно е сопственик на групацијата LVMH која вклучува повеќе модни брендови, меѓу кои Луј Витон и Кристијан Диор, но и брендови на накит и издаваштво. Високо котираат и Ријана и Питер Џексон, режисерот на „Господарот на прстените“.

Најмладиот милијардер во светот е Кевин Дејвид Леман (19), наследник на германски фармацевтски синџир, а зад него е исто така младиот Гери Ванг (28) од берзата за криптовалути FTX со седиште на Бахамите.

Единствениот милениумец во топ 20 е Марк Цукенберг, основачот на „Фејсбук“ и актуелен извршен директор на Meta Platforms, компанијата која ги контролира „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватс ап“.

Share
Scroll to Top