Илон Маск нема постојан дом и спие по туѓи куќи

Илон Маск нема постојан дом и спие по туѓи куќи

пред 3 години

Илон Маск името кое е асоцијација за најбогат човек во светот, при гостување во видеоинтервју откри дека нема постојан дом и дека спие на софи кај пријателите и покрај тоа што тој е милијардер. Во разговор со неговиот соговорник Крис Андерсон од конференцијата „ТЕД“, Маск рече дека моментално нема постојан дом и дека престојува кај своите пријатели во заливот во Сан Франциско, во близина на седиштето на „Тесла“.

„Ако патувам во Bay Area, каде што е најголемиот дел од инженерингот на ‘Тесла’, всушност преспивам во резервни спални соби на моите пријатели“, рече Маск.

Тој исто така рече дека сигурно би било многу проблематично доколку троши милијарди долари годишно за лична потрошувачка, но вели тоа не е така, бидејќи тој не поседува јахта и ретко оди на одмор, иако признал дека има свој личен авион.

„Мојата лична потрошувачка не е висока. Мислам, единствен исклучок е авионот, но ако не го користам авионот, тогаш имам помалку часови за работа“, рече тој, признавајќи дека сепак неговото нето-богатство е огромно.

Коментарите на Маск се негова прва потврда дека нема постојан дом и покрај тоа што е најбогатиот човек на планетава. „Бизнис-инсајдер“ потсетува дека пријателите на милијардерот веќе многу пати коментираа за неговите штедливи навики.

 

Share
Scroll to Top