Илон Маск откри дека има аутистично нарушување

Илон Маск откри дека има аутистично нарушување

пред 3 години

Милијардерот Илон Маск (49), основачот на „Спејс Икс“, беше гостин-домаќин во американското телевизиско шоу „Сатердеј најт лајв“, каде откри дека боледува од Аспергеров синдром.

Пред гледачите, тој откри дека е првата личност со Аспергеров синдром која го води тоа шоу, но подоцна се покажа дека тоа не е точно, односно дека првиот гостин-домаќин на популарното шоу со ваквиот синдром бил канадскиот глумец Ден Акројд во 2003 година, кога тој отворено проговорил за болеста.

Маск покрај откривањето на својот здравствен проблем, настапот во шоуто го искористи и да го прокоментира своето „тролање“ на Твитер, а говореше и за фасцинираноста од криптовалутата Dogecoin.

Аспергеровиот синдром претставува нарушување во развојот, односно е аутистично нарушување, кое е едно од различните групи на невролошки состојби кои се карактеризираат со поголем или помал степен на оштетувања во јазикот и вештините на комуницирање, како и повторувачки и рестриктивни шеми на размислување и однесување. Често се јавува кај машките, а првите симптоми на нарушување може да се забележат веќе околу третата година од животот, иако во повеќето случаи дијагнозата се поставува нешто подоцна, најчесто помеѓу петтата и деветтата година.

Некои експерти предлагаат личностите со овој синдром да се вработуваат на места поврзани со технологија, претприемништво или други занимања за кои се потребни аналитички вештини.

Деловниот магазин „Фробс“ го процени неговото богатство на 166 милијарди долари. Поголемиот дел од богатството го оствари преку компанијата „Тесла“ каде е коспоственик и со потполната сопственост врз компанијата „Спејс Икс“.

Share
Scroll to Top