Илон Маск си го промени името на „Твитер“ и не може да си го врати старото

Илон Маск си го промени името на „Твитер“ и не може да си го врати старото

пред 2 години

Сопственикот на „Твитер“, Илон Маск, си го промени корисничкото име на „Твитер“ и сега не може да го врати старото.

„Го променив името во Господин Твит и сега „Твитер“ не ми дава да си го вратам старото“, напиша на „Твитер“.

Многу бргу собра повеќе од 500.000 лајка, а многумина му коментираа и му понудија помош.

„Дали ја побара службата за помош?“, го прашаа тие.

За потсетување, Маск не го избра случајно ова име. На 23 јануари кога беше на суд, адвокатот случајно го нарече господин Твит наместо господин Маск. Тогаш беше на суд за случајот со акционерите на „Тесла“ кога инвеститорите го обвинија за измама со хартии од вредност преку „Твитер“ во 2018 година.

Share
Scroll to Top