Твитер соопшти дека ќе ги отстрани профилите кои се исклучиво отворени за промовирање други социјални платформи и содржини што содржат линкови или кориснички имиња.
Ваквиот потег на Твитер ќе влијае на содржината на платформите на социјалните медиуми како Фејсбук и Инстаграм во рамките на компанијата Мета, како и на платформите Мастодон, Трут соСоушл, Мастодон, Трибел, Ностр и Пост, се вели во соопштението на Твитер.
Промената на деловната политика на оваа социјална платформа беше проследена со хаотични акции, откако американскиот милијардер Илон Маск, извршен директор на Тесла го купи Твитер.
Изминатата недела беа суспендирани профили на неколку новинари од познати медиуми. По анкетата на 3.6 милиони корисници на Твитер, новиот сопственик на компанијата објави дека ги укинува суспензиите и ги враќа профилите на новинарите на таа социјална мрежа бидејќи 59% од анкетираните гласале за итно откажување на одлуката на Маск.