„Имав само една желба за роденден, но не ми се исполни“ - Лепа Брена полни 60 години

„Имав само една желба за роденден, но не ми се исполни“ – Лепа Брена полни 60 години

пред 3 години

Фолк-ѕведата Лепа Брена денеска полни 60 години. Таа роденденот го прослави дома, на ручек со семејството, со шампањско и торта. Но, за „Курир“ Брена рече дак имала само една роднеднска желба, која годинава не ѝ се исполнила.

„Годините за мене се само бројка. Јас сакав за 60. роденден да го одведам целото семејство на едно егзотично патување, но ете, желбата не ми се оствари и ќе мора да почекам до некоја следна прилика. Заради короната решивме да останеме дома и да се дружиме опуштено на ручек, наздравивме со шампањско, децата ми се тука, снаите се тука, сè е како што треба“, рекла Брена.

Пејачката, на својот Инстаграм објави и неколку слики од честитките од нејзинте колеги-музичари, од пријателите и од фановите, па напиша дека ова е навистина посебен и среќен ден за неа.

Share
Scroll to Top