Индијката Палвиндер Каур го тужи принцот Хари оти не се оженил со неа. Таа тврди дека британскиот принц ѝ ветил дека ќе ја земе за жена, но потоа се оженил со Меган Маркл, а неа ја изневерил.
Каур решила да излезе на суд без адвокат, а како доказ ги приложила нивните наводни преписки по електронска пошта. Таа пред судот рекла дека дури му испратила и порака на принцот Чарлс, во која го известила дека ќе се мажи за неговиот син. Од судот барала да го уапси Хари затоа што ја излажал.
Сепак, судот не поверувал во нејзината приказна и утврдиле дека таа никогаш не го сретнала британскиот принц во живо.
„Постои голема веројатност таканаречениот принц Хари со кој се допишувала Палвиндер Каур да седи во некое сајбер-кафе во селото Пенџаб и да испраќа меил пораки до неа. Меиловите што ги приложи се полни со граматички грешки, не се оригинални, а делови од комуникацијата се избришани и отстранети“, се вели во образложението на судот.
Судот смета дека некој креирал лажен меил и профил од кој ѝ испраќал љубовни пораки на Палвиндер, а дека таа поверувала дека таквата лажна комуникација е вистинита“, заклучил судот.