Инфлуенсерот Ендрју Тејт обвинет за силување и трговија со луѓе е ослободен од домашен притвор

Инфлуенсерот Ендрју Тејт обвинет за силување и трговија со луѓе е ослободен од домашен притвор

пред 1 година






Познатиот инфлуенсер Ендрју Тејт е ослободен од домашен притвор во Романија во очекување на судењето под обвинение за силување и трговија со луѓе.

Контроверзниот Тејт и неговиот брат Тристан Тејт се во домашен притвор од март, а беа обвинети во јуни. Браќата сега можат слободно да се движат низ Букурешт и околината каде што живеат и остануваат под судска контрола следните 60 дена. Тие ќе мора да се пријават во полиција кога тоа ќе им биде наложено и мора да ги информираат надлежните за секоја промена на местото на престој, објави Би-би-си.

Исто така,  забрането им е  да контактираат со двајца, исто така, обвинети романски соработници, сведоци и жртви или нивните семејства. Прекршувањето на овие правила може да доведе до нивно враќање во домашен притвор.






Share
Scroll to Top