Иран со закон ќе забрани чување домашни миленици, дури и персиски мачки

Иран со закон ќе забрани чување домашни миленици, дури и персиски мачки

пред 2 години

Иранскиот парламент наскоро ќе донесе закон со кој ќе се забрани чувањето домашни миленици. Според предложениот закон, за да се поседува миленик, ќе мора да се добие дозвола од специјален комитет. Ќе се воведе и минимална казна од околу 800 долари за увоз, продажба, купување, транспорт и чување на разни животни, вклучувајќи мачки, желки и зајаци.

Во изминатиот период, во Техеран имало нов бран апсења на сопственици на миленици и запленувања на нивните животни, откако полицијата објави дека шетање куче во парк се смета за злосторство. Забраната беше опишана како мерка за заштита на безбедноста на јавноста.

Чување куче отсекогаш било вообичаено во иранските рурални средини, додека животните станаа дел од урбаниот живот во 20 век. Иран беше една од првите блискоисточни држави која донесе закон за заштита на животни. Многу работи се променија по Исламската револуција во 1979, па за новиот режим, кучињата стана симбол на западното влијание, што тој се обидуваше да го искорени.

„Немаше цврста регулатива за сопствениците на кучиња. Полицијата произволно апсеше луѓе кои шетаат куче или го возат во автомобил. Властите дури формираа ‘затвори‘ за запленети миленици. Слушнавме страшни приказни за тие места“, вели ветеринарот од Техеран, Ашкан Шемирани.

Новиот закон не се однесува само на кучиња. Иако Иран е дом на еден од најпознатите видови на светот, во листата се вклучени и мачки, дури и крокодили.

„Ви се верува ли дека и персиските мачки веќе не се безбедни во својата татковина? Нема никаква логика во овој закон“, вели Шемирани.

Share
Scroll to Top