Ирена Спасовска: Пола милион легна на сметка на музичарите, а јас првпат славев Нова година дома

пред 3 години

Фолк-пејачката Ирена Спасовска за прв пат во својата кариера Новата година ја дочека во домашна атмосфера. Нејзините обожаватели, вели таа , не можеа да имаат дочек во кој таа ќе ги забавува со песна во  живо, па затоа ги изненади со провокативна фотосесија.
“За првпат во мојата кариера славев во домашна атмосфера. Не беше лошо за промена. Секогаш сум работела и сум ги забавувала другите луѓе, но и мене ми било убаво бидејки најсреќна сум кога пеам. Уште малку ќе помине оваа болест и ќе се вратиме посилни, а сигурна сум дека изгубеното ќе го надополниме дупло. Од секој аспект“, вели Спасовска за „Репортер“.

И додава дека старата година ја испратила без омраза кон неа бидејки сепак е , како вели, жива и здрава. “Знам дека во Новата година ќе ме очекува нешто убаво, бидејки по дождот мора да не огрее сите сонцето“.

Таа е дел од раководството на Здружението на естрадните уметници кои беа најгласни за помош од Владта . Па така, половина милион евра легнаа на сметките на уметниците, вели Ирена, односно по 700 евра од човек, оти од март па до сега, тие немаат никави настапи, тезги или свадби.

“Успеавме да обезбедиме и помош за сите колеги уметници за да можеме Новата година да ја дочекаме достоинствено благодарение на преговорите со Владата и минстрите кои ни излегоа во пресрет на нашите барања. Сега преостанува уште да се олабават мерките и да почнеме да пееме и свириме.. Да си ја работиме работата што најмногу  ја сакаме и многу ни недостасува. Секој да си ја гледа својата работа , помалку злоба, повеќе толеранција и љубов бидејки сфативме дека здравјето е се, дка си требаме едни на други, се е ланец и сите зависиме едни од други.“, вели Ирена и додава дека едвај чека да е врати на музиката, заедно со своите колеги.

Елена Милошева  

Share
Scroll to Top