Ирина Тошева дизајнираше прва модна колекција за миленици

Ирина Тошева дизајнираше прва модна колекција за миленици

пред 4 години

Македонската дизајнерка Ирина Тошева создаде прв македонски моден бренд за миленици, „Мини Ирина Тошева“. Тошева, која важи за голем љубител на животните, вели дека моделите ќе бидат изработени од текстилни остатоци што таа ги користи во својата работа, а моделите ќе бидат и рачно доработени.

dobivaj vesti na viber

„Во процесот на изработка и транспортот на производите учествуваат маргинализирани лица и лица со ниски животни примања. Целата комуникација со јавноста ќе биде фокусирана на подигнување на свеста за правата и благосостојбата на животните, преку активно вклучување на граѓанските организации и локални шелтери”, вели Ирина.

Тошева потпиша и договор за соработка со здружението „Лајка“, па во промотивните активности на овој моден бренд за миленици, модели ќе бидат кучињата од прифатилиштето. Модните парчиња за миленици ќе бидат достапни за продажба онлајн и во локални пет шопови, а дел од средствата ќе бидат наменети за кучињата во „Лајка“.

„Планирани се и едукативно-креативни работилници на кои граѓаните и љубителите на кучиња ќе може да земат учество. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за бездомните кучиња, но и да се поттикнат останати македонски креативци да го сторат истото, во рамки на својата дејност и можности“, велат од здружението.

 

Share
Scroll to Top