Историчар ја нападна Меланија поради преуредувањето на градината во Белата Куќа, таа му одговори дека не ја познава историјата

Историчар ја нападна Меланија поради преуредувањето на градината во Белата Куќа, таа му одговори дека не ја познава историјата

пред 3 години

Лани, додека Меланија Трамп беше на позицијата Прва дама ја преуреди градината „Роуз гарден“, која ја осмисли Џеки Кенеди на почетокот на 1960-тите години. Таа се пофали на социјалните мрежи со новиот изглед на градината во резиденцијата на Белата Куќа, што предизвика бурни реакции кај американската јавност.

Темата повторно се актуелизира, откако претседателскиот историчар Мајкл Бешлос ја нападната поранешната прва дама. Тој на својот Твитер профил објави фотографија од градината.

„Пред точно една година заврши преуредувањето на градината со рози во Белата куќа, и еве го мрачниот резултат – исчезнаа децении од американската историја“, напиша тој во описот на фотографијата.

Меланија Трамп на ова остро израгира со критика кон историчарот. Таа исто така објави фотографија од градината, но од поинаков агол.

„Го докажа своето незнаење со прикажување фотографија на градината со рози во нивната почетен стадиум. Градината со рози е украсена со здрави и шарени рози. Неговите лажни информации се нечесни и никогаш не смее да му се верува како на професионален историчар“, вели таа.

Годинава граѓаните на Америка побараа од Џил Бајден да го врати првобитниот изглед на градината, преку петиција. Досега се собрани над 800.000 потписи.

Share
Scroll to Top