Италијанската глумица Орнела Мути бара руско државјанство

Италијанската глумица Орнела Мути бара руско државјанство

пред 2 години

Италијанската глумица Орнела Мути сака стане руска државјанка оти ја смета руската култура за дел од својата. Глумицата, чие вистинско име е Франческа Романа Ривели, во интервју за Тасс кажа дека сака да добие руско државјанство во знак на почит кон својата мајка.

„Би сакала да добијам државјанство бидејќи тоа е дел од мојата култура поврзана со мајка ми. Таа почина оваа година и тоа ќе ѝ биде подарок. Почнав да го учам и рускиот јазик, но сѐ уште не зборувам течно. Јазикот го учам со апликацијата Babbel. Постепено научив кирилица, но граматиката е комплицирана. А и кога ќе научиш кирилица, сѐ уште ги мешаш буквите. Ми треба вежбање, добро би било да одам на Русија неколку месеци“, рекла таа во интервјуто.

Бабата на глумицата е родена во Санкт Петербург, а потоа со нејзиниот сопруг заминале во Естонија, каде што во време на СССР е родена мајката на Орнела. Позната глумица, пак, е родена во Рим 1955 година.

„Мајка ми не знаеше добро руски, но се сеќавам на песните што ми ги пееше на руски јазик“, додала таа.

Орнела смета и дека Италијанците и Русите се прилично блиски народи.

Глумицата, која почнала да глуми од 14 години, има снимено преку 100 филмови. Таа на 1 февруари ќе биде домаќин на отворањето на најпознатиот италијански музички фестивал Сан Ремо.

Share
Scroll to Top