Италија е европски шампион во женска одбојка

Италија е европски шампион во женска одбојка

пред 3 години

Женската репрезентација на Италија е нов Европски шампион во одбојка. Тие во финалето ја победија репрезентацијата на Србија со 3-1 по сетови. За Италија ова е трета европска титула, а прва од 2009 година.

Репрезентација на Србија ја бранеше титулата, но одиграа послабо отколку на претходните натпревари. Тие досега имаат три европски злата во женска одбојка.

Третото место на Европското првенство, што се одржа во Белград, го освои Турција, која во натпреварот за бронзениот медал ја победи Холандија со 3-0.

Share
Scroll to Top