Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе со нов успех во рамките на европскиот шампионат на ридско-брзински патеки.
Тој на вчерашната трка во Швајцарија со своето „хјундаи“ славеше убедливо во Група 3 и постави рекорд.
Радоста Иџе ја сподели и на социјалните мрежи „Победа и рекорд во Швајцарија“, напиша тој.
Иџе во Швајцарија имаше и поддршка од македонска публика, односно од нашинци кои живеат таму.
„Ова е Македонија, ова се вистинските Македонци Благодарам на сите што дојдовте да ме бодрите“, напиша Иџе.