И актерката Ива Илинчиќ проговори за траумите кои ги трпела од професорот Мика Алексиќ: „Се срамев, бидејќи бев злоставувана“

пред 3 години

По Милена Радуловиќ и актерката Ива Илинчиќ јавно проговори за тешките моменти и злоставувањата кои таа ги доживелаа додека работела со нејзиниот професор по глума Мика Алексиќ.

Деновиве на големо се зборува за скандалот кој ја потресе цела Србија и признанието на нејзината колешка, актерката Милена Радуловиќ, која го обвини угледниот професор дека ја силувал кога таа била малолетна.

По неа, сега со обвинение излезе и нејзината колешка Илинчиќ, која вели дека има многу девојки кои ги познава и кои ги доживеале истите трауми како и нив, но немаат храброст да излезат во јавноста и да зборуваат за тоа.

Илинчиќ вели дека за разлика од Милена, таа имала повеќе среќа и дека не била силувана, но постојано била сексуално вознемирувана од страна на професорот.

„Шест години молчев, негирав, не кажав на никого. Си велев дека тој ми е како татко и размислував дека е невозможно да ми се случува такво нешто. Си мислев дека тој сака да ме подготви за суровиот свет на режисерите и продуцентите“, раскажа Илинчиќ за медиумите.

Илинчиќ е убедена дека злоставувањата кои ги правел Алексиќ почнале многу пред неа и Милена. Таа вели дека познава девојки кои сè уште не се подготвени да излезат во јавност и да ја кажат нивната приказна.

За потсетување, по исповедта на Радуловиќ, Алексиќ е во притвор и против него се подготвува
обвинение.

Share
Scroll to Top