И британската влада го нападна тврдењето на пејачката Ники Минаж дека подуени тестиси се несакан ефект на ковид вакцините

И британската влада го нападна тврдењето на пејачката Ники Минаж дека подуени тестиси се несакан ефект на ковид вакцините

пред 3 години

 Британската влада на чело со Борис Џонсон ги нападна тврдењата на пејачката Ники Минаж дека подуените тестиси се несакан ефект на ковид вакцините.

„Попрвин ќе ја слушам Ники Канани отколку Ники Минаж“, изјави Џонсон, алудирајќи на медицинската директорка за примарна грижа во Националната здравствена служба.

Шефот на англиските медицински служби Крис Вити вели дека нема никаква вистина во тврдењата на Минаж.

„Нека се засрами што шири дезинформации преку интернет. Многу митови кружат наоколу. Некои се смешни, а некои имаат јасна цел да сеат страв. Ова е еден таков“, изјави Вити.

Минаж која потекнува од островската држава Тринидад и Тобаго, напиша дека пријател на нејзин роднина му се подуле тестисите и дека станал импотентен откако ја примил вакцината. Нејзината објава била споделена 90.000 пати.

Властите на Тринидад и Тобаго потрошија премногу време обидувајќи се да ги потврдат коментарите на пејачката за несаканите ефекти на ковид вакцините, кажаа од тамошната влада.

„Сите тврдења ги земаме сериозно. Сепак, на Тринидад досега не е пронајден случај на подуеност на тестиси како несакан ефект на вакцините, а колку што знаеме и никаде на светот“, изјави тамошниот министер за здравство, Теренс Дејалсинг.

 

Share
Scroll to Top