Италија е последната европска земја која воведува задолжителна ковид пропусница, што ќе стапи на сила на 6 август. Со ова ќе им овозможи на сите над 12 години кои примиле една доза од вакцината да имаат пристап во ресторани, кина, музеи, стадиони , теретани, базени. Засега ковид пропусницата нема да биде потребна во јавен превоз како и во авионскиот. Ова беше и причина за несогласувања во владината коалиција. Ноќните клубови остануваат затворени.
Италија бележи ново ширење на коронавирусот, што се припишува на делта сојот. Повеќе од половина Италијанци се целосно вакцинирани. Премиерот Марио Драги ги осуди политичарите кои ги повикуваат младите да одбијат да се вакцинираат.
„Тоа е повик луѓето да умрат“, изјави тој.