И Канада ќе организира свој Евросонг од 2023 година

И Канада ќе организира свој Евросонг од 2023 година

пред 2 години

Канада од 2023 година ќе организира свој избор на Евровизија. Музичари од десетте провинции и три територии ќе се натпреваруваат на изборот што ќе се вика Евровизија Канада.

Организаторите велат дека сакаат на првото издание на шоуто да се појави Селин Дион, која победи на натпреварот за песна на Евровизија во 1988 година. Таа тогаш ја претставуваше Швајцарија со Ne Partez Pas Sans Moi.

„Уникатното наследство на Изборот за песна на Евровизија датира од пред 67 години и неговата светска популарност продолжува да расте. Време е Канада да се приклучи на забавата и да стане играч на овој светски спектакл. Љубовта кон музиката е универзална и славењето на различните жанрови и стилови на музиката ги надминува границите, обединувајќи ги луѓето на начин на кој ниедна друга уметничка форма не може. Возбудени сме што ги најдовме најдобрите партнери за да им понудиме друга верзија на овој радосен феномен на новите фанови и да го споделиме овој извонреден натпревар со канадскиот народ, искоментира Мартин Остердал“, вели извршниот супервизор на натпреварот за песна на Евровизија.

Детали за водителите и ќе бидат објавени во наредните недели.

Share
Scroll to Top