Британецот Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Велика Британија и покрај тоа што мораше уште на почетокот мораше да ја отслужи казната и да помине во боксот 10 секунди. Казната ја доби поради сударот во Ферстапен.
Трката беше стопирана по два извозени круга, а стјуардите истакнаа црвено. Ферстапен со голема брзина излезе од патеката и целосно го уништи болидот. Трката продолжи по половина час.
Актуелниот шампион до победата дојде во конкуренција на Шарл Леклер, кој беше лидер до 50 круг и колегата Валтери Ботас. Бодови освоија и возачите на Мекларен Ландо Норис и Даниел Рикардо, Карлос Саниц јуниор од Ферари, Фернадо Алонсо (Алпин), Ленс Строл (Астон мартин), Естабан Окон (Аплин) и Јуки Цунода (Алфа таури).
@Max33Verstappen is out of the #BritishGP after accidentally clipping @LewisHamilton car during the first lap. Verstappen got up under his own power. #Formula1 #F1 pic.twitter.com/UylSKS4y51
— Kenny The Sports Guy Podcast (@kenny_sports) July 18, 2021
На Големата награда на Велика Британија, Хамилтон ја забележа осмата победа, вкупно 99 во кариерата. Со оваа победа тој за 25 поени ја намали предноста на Макс Ферстапен во вкупниот поредок. Наредната трка на програмата е на 1.август во Унгарија.
The moment of impact between Hamilton and Verstappen ?#BritishGP ?? #F1 pic.twitter.com/kxbV5xPYPt
— Formula 1 (@F1) July 18, 2021