И по четири децении, смртта на познатата глумица Натали Вуд, остана мистерија

И по четири децении, смртта на познатата глумица Натали Вуд, остана мистерија

пред 3 години

Славната глумица Натали Вуд, починала под мистериозни околности уште во 1981 година, а нејзината смрт до ден денес за многумина останала голема мистерија.

Холивудската икона загинала за време на крстосување со јахта. Нејзиното тело било најдено како плови во водите, во близина на островот Санта Каталина во Калифорнија, на 29. ноември 1981 година. Многумина се сомневаат дека виновен за смртта е нејзиниот сопруг Роберт Вагнер.

Вагнер и Натали за време на еден викенд во ноември запловиле со јахта. Со нив на бродот бил и нивниот пријател актерот Кристофер Валкен и капетанот Денис Даверн. Тие пиеле алкохол целата вечер, а пред да си легнат, Вагнер заминал да и посака добра ноќ, но не ја нашол во кабината.

По неколку часа, таа била видена како плови во морето. Полицијата го прогласила настанот за несреќен случај. Во 2011 година тие повторно ја отвориле истрагата, откако капетанот Денис, за NBC изјавил дека Натали починала по голема и насилна кавга со Вагнер.

Девет месеци подоцна, откако повторно била отворена истрагата, причината за нејзината смрт била преименувана во случајно давење и предизвикана од други неутврдени фактори.

 

Подоцнежната истрага покажала дека сите освен капетанот таа вечер пиеле многу алкохол, кој го мешале со седатици. Тројцата се дружеле целата вечер, до моментот кога не избивнала кавга меѓу Вагнер и Валкен. Роберт во бес скршил шише со алкохол.

Потоа и Натали почнала да се расправа со Вагнер. Според изјавите на Валкен, тој тогаш отишол во својата соба и заспал. Капетанот слушнал жестока кавга, но одлучил да им даде приватност и ја појачал музиката на радиото за да не ги слуша.

На крајот, телото на Натали било извлечено од океанот, а за време на истрагата, биле забележани модрици на нејзината рака и зглобовите и гребаници на вратот. Тоа покажува дека таа била повредена пред да падне во океанот и дека се удавила под сомнителни околности.

Ова е наведено во извештајот кој го објавиле од Заводот за патологија во Лос Анџелес.

„Мислев дека одлучила да побегне поради кавгата или да го врзе бродот, затоа што бевме закотвени. Кога поминаа неколку часа, одлучив да ја побарам“, изјавил Вагнер, кој признал на крајот дека бил љубоморен на Валкен и неговата сопруга.

Нејзиното тело било најдено следното утро покрај брегот на островот. Таа била облечена во нејзината ноќница, а во крвта и биле најдени алкохил и таблети.

„Не е можно да се исклучи ненасилното и непланирано влегување во вода. Постојат бројни неодговорени прашања и ограничени докази кои беа најдени за време на истрагата. Патолозите сметаат дека начинот на кој настанала нејзината смрт треба да се остави како неодреден“, било наведено во извештајот.

Полицијата во Лос Анџелес изјавила дека случајот уште е отворен, но одбивале да ги коментираат новите докази до кои дошле. Валкен, како дел од љубовниот триаголник, одбил да разговара и да дава изјави за несреќата, по првото полициско испитување.

Поради тоа, голем дел од медиумите го нарекле немиот сведок. Капетанот пак е убеден дека нејзиниот сопруг е виновен за смртта.

„Што сакаш? Сакаш да спиеш со жена ми, тоа сакаш!“, наводно Вагнер му викал на капетанот, пред да го скрши шишето со алкохол. Капетанот Даверн, на сестрата на покојната глумица, Лани Вуд, и кажал дека не видел како Вагнер ја тепа Натали, но тој го обвинува за нејзината смрт.

„Кога паднала во водата, тој не ни дозволи да ја бараме. Велеше дека сакал да ја научи на памет“, тврдел поранешниот капетан на бродот.

Тој е убеден дека нејзината смрт е поврзана со кавгата која ја слушнал со нејзиниот сопруг.

„Натали многу се плашеше од водата. Додека беше мала, мајка ѝ ја плашеше никогаш да не влегува во вода кога е ноќ, затоа што може да се удави“, изјавила Лана, која вели дека конечно сака да се разреши мистеријата околу смртта на нејзината сестра.

Share
Scroll to Top