Некогашната манекенка и бизнисменка Дунавка Трифуновска ќе се мажи. Веста ни ја потврди нејзинот дечко Ване Цветанов, поранешниот директор на финансовата полиција, со кого таа подолго време е во љубoвна врска. Ване за „Репортер“ ни откри дека набргу ќе има вечавка.
„Во согласност со христијанските обичаи, откога ѝ побарав раката во авион кон Турција, јас и Дунавка закажавме датум за прстенување, кој ќе биде во втората половина на февруари. Прстенувањето е свечен чин што се прави во црква и е првиот дел од венчавањето. За преостанатиот дел од венчавката немаме точен датум, но ќе биде во Хрватска во текот на летото“, ни раскажа Ване Цветанов за „Репортер“.
За потсетување, тој и Дунавка се некое време во врска, а првпат во јавноста се дозна летоска кога беа заедно на одмор во Турција. Тогаш Дунавка за нивната љубов рече дека во Ване ја нашла својата сродна душа.
Љ. Владимиров