Ѝ ја побарав раката во авион: ќе се мажи Дунавка Трифуновска

Ѝ ја побарав раката во авион: ќе се мажи Дунавка Трифуновска

пред 3 години

Некогашната манекенка и бизнисменка Дунавка Трифуновска ќе се мажи. Веста ни ја потврди нејзинот дечко Ване Цветанов, поранешниот директор на финансовата полиција, со кого таа подолго време е во љубoвна врска. Ване за „Репортер“ ни откри дека набргу ќе има вечавка.

„Во согласност со христијанските обичаи, откога ѝ побарав раката во авион кон Турција, јас и Дунавка закажавме датум за прстенување, кој ќе биде во втората половина на февруари. Прстенувањето е свечен чин што се прави во црква и е првиот дел од венчавањето. За преостанатиот дел од венчавката немаме точен датум, но ќе биде во Хрватска во текот на летото“, ни раскажа Ване Цветанов за „Репортер“.

За потсетување, тој и Дунавка се некое време во врска, а првпат во јавноста се дозна летоска кога беа заедно на одмор во Турција. Тогаш Дунавка за нивната љубов рече дека во Ване ја нашла својата сродна душа.

Љ. Владимиров 

Share
Scroll to Top