Кавадарчани ја откачија Карлеуша, не сакаат да им пее на „Тиквешки гроздобер“

пред 4 години

Српската пејачка Јелена Кaрлеуша нема да пее на годинашниот „Тиквешки гроздобер“ иако беше најавена како главна ѕвезда на манифестацијата во Кавадарци. Нејзиниот настап е откажан поради големиот број негативни реакции на социјалните мрежи, откри градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека како организатори решиле да го послушаат народот, но и дека сега бараат нова музичка ѕвезда што ќе пее на 11 септември наместо Јелена.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

„Овие денови ја објавивме целосната програма за ‘Тиквешкиот гроздобер’ 2022 година. По пауза од две години, сакаме да продолжиме каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно-музички фестивали во државата. По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 септември како главна музичка атракција.. Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан, а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум“, напиша Јанчев.

„Тиквешки гроздобер“ годинава ќе се одржи од 9 до 11 септември во Кавадарци. Овој настан првпат се одржал 1964 година..

 

Share
Scroll to Top