Како кожените обувки секогаш да ви изгледаат како нови

Како кожените обувки секогаш да ви изгледаат како нови

пред 3 години

Заборавете на скапите препарати на кои рокот на траење им истекува побрзо отколку што успевате да ги потрошите. Наместо тоа, кожените обувки негувајте ги со следните два евтини производи кои, веројатно, веќе ги имате.

Вазелин

Вазелинот е одличен за одржување на кожените обувки. Исто така, доколку имате проблем со патентот, нанесете вазелин и проблемот ќе биде решен. Чевлите или чизмите прво исчистете ги со влажна крпа. Кога ќе се исушат, нанесете тенок слој вазелин и потоа веднаш исполирајте со сува крпа.

Регенератор за коса

Регенераторот за коса, особено онаа поевтина варијанта, во себе содржи восок па затоа овој производ е идеален за одржување и заштита на кожените обувки. Врз претходно исчистената и исушената обувка нанесете малку регенератор за коса, а потоа нежно исполирајте со сува крпа.

Share
Scroll to Top