Како Метју Меконахи ја пронајде жената на својот живот: еден сон го „отрезни“

Како Метју Меконахи ја пронајде жената на својот живот: еден сон го „отрезни“

пред 3 часа

Метју Меконахи рекол дека благодарение на еротски сон, ја пронашол љубовта на својот живот, пишува „Us Weekly“.

„Во моите средни триесетти години, ја барав љубовта на мојот живот, мојот најдобар пријател и мајката на моите деца. Барав повеќе, барав само една, ја барав неа, а потоа имав чуден сон“.

Тој го видел своето постаро јас, вели тој, седејќи на стол за лулање на тремот од својот дом. Не бил сам, туку му правеле друштво 22 жени со кои има 88 деца, а имало дури и 22 возила.

Меконахи нагласил дека во сонот не бил во брак со овие жени, туку дека тие го претставуваат мирот и среќата што долго време ги барал. Тој исто така рекол дека секое поединечно дете симболизира една година од неговиот живот, а причината за нивното собирање била да го прослават неговиот 88-ми роденден.

„Секоја жена била смирена и задоволна, а секое дете било насмеано и здраво. Сите се познававме многу добро“, напишал тој.

Тој рече дека има убави спомени од овие жени.

„Секоја мајка и јас споделувавме идилични спомени, во вториот дел од сонот децата ми седеа во скут“, рече тој и откри дека на крајот од сонот направиле и семејна фотографија.

Време е

Метју Меконахи рече дека овој сон многу му помогнал да ја оствари својата животна желба – да стане татко. Тој исто така нагласи дека благодарение на ова „духовно будење“ престанал да ја бара совршената жена.

„Тоа беше духовен знак, порака да се предадам, да престанам намерно да ја барам совршената жена и да го прифатам природниот процес на селекција, да ја најдам, таа да ме најде мене или едноставно да не се случи. Затоа престанав да ја барам.“

И потоа…

Откако се откажа од потрагата по жената на својот живот, се случи нешто неочекувано. Три месеци подоцна, ја запозна Камила Алвес, неговата сегашна сопруга, во еден бар во Лос Анџелес.

„Три месеци подоцна, ја запознав Камила“, напиша тој. „Дваесет години подоцна, таа е сè уште единствената жена со која некогаш сум сакал да излегувам, да спијам или да се будам покрај неа.“

фото: принтскрин

Share
Scroll to Top