Како работи мозокот кога се расправате за политика

Како работи мозокот кога се расправате за политика

пред 3 години

Веројатно го знаете чувството кога се расправате со некој што има спротивни ставови. Веројатно го знаете и чувството кога разговарате со некого со кого се согласувате.

Ново истражување спроведено на Универзитетот „Јејл“ ја покажува разликата помеѓу двата вида разговор или дебати што се забележува во мозокот. Според истражувањето, расправијата активира многу повеќе региони во мозокот отколку разговорот со некој што ги има истите ставови.

Истражувањето било спроведено на 38 испитаници, на кои им биле скенирани мозоците додека разговарале со лица со кои ги делеле ставовите и со лица со кои не се согласувале на одредени теми.

Очекувано, мозочната активност била синхронизирана помеѓу испитаниците што се согласувале на сличен начин на кој мозочните бранови кај музичарите се синхронизираат за време на заедничка музичка изведба.

Од друга страна, кај испитаниците била забележана поголема мозочна активност кога тие не се согласувале, односно во мозокот биле активни повеќе региони. Соодветно на тоа, потребна е многу поголема енергија да се расправате отколку да се согласувате со некого.

Во истражувањето испитаниците морало да ги слушаат своите соговорници. Истражувачите заклучуваат дека дури и бесот може да биде позитивен иако расправањето уморува бидејќи на тој начин ги поттикнува двете страни да размислуваат за своите ставови и чувства и им помага да созреваат.

 

Share
Scroll to Top