Калин Ивановски играше повреден на Вимблдон, загуби во осминафиналето

Калин Ивановски играше повреден на Вимблдон, загуби во осминафиналето

пред 3 години

Македонската тенисер Калин Ивановски загуби со 2:0 по сетови во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон. Тој играше повреден во вториот сет на натпреварот.

Во првиот сет Ивановски водеше 5:4, но потоа Пинингтон Џонс направи пресврт и го добие сетот со 7:5. Во вториот сет британскиот тенисер водеше со 3:0, кога Ивановски се повреди. Тој доби лекарска помош и реши да не го предаде натпреварот, туку го заврши до крај и го загуби со максимални 6:0.

Ивановски влезе како аутсајдер на Вимблдон и успеа да стигне до осминафиналето на Гренд слем турнир. Ова е најголем успех на некој македонски тенисер на Вимблдон.

Share
Scroll to Top