Калин Ивановски се искачи 16 места на АТП листата, најдобар пласман за македонскиот тенисер

Калин Ивановски се искачи 16 места на АТП листата, најдобар пласман за македонскиот тенисер

пред 2 години






Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се искачи за 16 места на АТП листата и во моментов е на 478 место во светот. Ова е најдобриот пласман на Ивановски во неговата кариера, откако минатата недела влезе во топ 500 тенисери.

Пласманот во финалето на челинџерот во Тунис (6-12 февруари), во кое го предаде мечот поради повреда му донесе нови осум ранкинг поени со што дојде до 478. место во светот.

Ивановски вели дека следна цел му е да ги достигне позициите на најдобрите македонски тенисери на АТП листата. За сега најдобро пласиран тенисер од Македонија е Предраг Русевски (242 место), а зад него се Александар Китинов (296 позиција) и Лазар Магдинчев (339 место).





Share
Scroll to Top