Потребни состојки:
1 пакување канелони
2 чешниња лук
2 лажици доматно пире
1 конзерва домати
300гр рикота сирење (може несолена урда)
1/2 филџан моцарела
малку пармезан
Начин на подготовка:
Во длабоко тенџере со посолена вода која врие, ги ставаме канелоните да се варат 3 до 5 минути. Кога ќе бидат полу варени, ги тргаме од оган, ги процедуваме и оставаме да се изладат, за да можеме полесно да ги полниме со фил. Сосот од домати го правиме така што кромидот и лукот ситно ги сечкаме и ги пржиме во маслиново масло. Кога кромидот ќе омекне и добие кристална боја, ја додаваме доматната паста и пржеме неколку минути. Во смесата додаваме домати и оставаме смесата добро да се испржи и соедини.
Во меѓувреме го подготвуваме филот од рикота: соединуваме рикота сирењето со половина филџан моцарела (ситно сечкана) и малку пармезан за остар мирис. По вкус додаваме босилек, рендана кора од лимон, сол и мелен црн бибер.
Канелоните ги полниме со филот од сирење со шприц. Ги редиме во длабок сад за печење, каде претходно дното го премачкуваме со доматен сос. Тестенините ги прелеваме со сосот. Редиме и втор ред со канелони, а најгоре ставаме доматен сос и посипуваме со пармезан и моцарела. Печеме во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 до 20 минути.